Градоначалникот Тодоровиќ останува во куќен притвор, одредени дополнителни мерки за случајот „Феникс“

Поранешниот градоначалник на Центар и бизнисменот Владимир Тодоровиќ, останува во куќен притвор за случајот „феникс“, во кој е осомничен за за злоупотреба на службената должност и овластувања при изградба на 11 споменици од “скопје 2014“. Кривичниот совет ги одби жалбите на обвинителството за определување на ефективен притвор, но во исто време, и на адвокатите, за укинување на мерките за претпазливост. Како што информираат од кривичен за Канал 5, судиите изрекле уште две дополнителни мерки за него и за другиот осомничен, кој исто така се наоѓа во куќен притвор. „Одлучено е по жалбите потврдени се решенијата на судија на претходна постапка и прифатен е предлог за обвинетите В.Т. и Т.Д. покрај мерката куќен притвор, да им се определат дополнителни мерки – забрана за комуникација и 24- часовен надзор на куќниот притвор“, велат од кривичен за Канал 5..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*