Ковачевски и Рама се согласни: Потребно е надминување на партиските интереси за уставни измени и европска иднина

За уставните измени очекувам Собранието да биде на висина на задачата. Потребно е да се надминат партиските и личните интереси-порача премиерот Ковачевски по средбата со албанскиот колега Рама, на која во фокусот биле евроинтеграциите, иницијативата Отворен Балкан, Берлинскиот процес и состојбата на северот на Косово. Шефот на Владата е свесен дека одлуката нема да биде лесна, но вели-неопходна е за да се обезбеди европската иднина. Придобивките од иницијативата Отворен Балкан се очигледни-потенцираше Рама, подобрена економска состојба, повисок стандард, зголемена трговска размена, странски инвестиции. Но, смета дека сега е потребен фокус кон Берлинскиот процес. Според него Албанија и Македонија имаат голем напредок и логично е да очекуваат повеќе пари од европските фондови. Премиерот Ковачевски повика на деескалација на состојбата меѓу Косово и Србија, и порача двете страни да се придржуваат до постигнатите спогодби и потпишаните договори. Рама повоздржан. Своето мислење ќе го кажел во Приштина, по средбата со претседателката Османи. За тоа дека нема да се сретне со косовскиот премиер Курти, Рама категоричен-не можеш да разговараш со некого со кого не си барал средба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*