Расправа во Собранието: Претставен предлог-закон за употреба на македонскиот јазик

Собранието расправаше за предлозите за нов закон за употреба на македонскиот јазик Во рамки на 117 собраниска седница денеска пратениците почна расправа по Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик во прво читање, а за заклучокот дека е прифатлив за втора фаза ќе се гласа дополнително. Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска образложи дека се предлага донесување нов закон за македонскиот јазик, со кој ќе се прошират областите во кои задолжително ќе се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирани текстови што се објавуваат. Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова го поздрави предлогот и рече дека е „чудно како од 1998 година до денеска не сме се свртеле кон Законот за употреба на македонскиот јазик“, а тоа, рече, особено морало да се направи кога се носел Законот за употреба на јазиците. Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ со реплика која рече е „атипична и поттикната од коректното излагање и осврт на Давкова“, искажа задоволство што има општ консензус во Собранието за вакво, како што рече, исклучително значајно законско решение и дека дискусијата била конструктивна и во матичната Комисија за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*