
Апелација пресуди поблаги казни за обвинетите кои признаа вина во предметот Титаник за изборни нерегуларности. Затворските ги замени со условни за Гордана Јанкуловска и Мунир Пепиќ. Повисокиот суд ја потврди условната казна и за Мартин Протуѓер, а ја намали за Миле Јанакиески, кој наместо четири и пол ќе треба во затвор да помине три и пол години. Сите беа гонети за повреда на избирачко право, поткуп, уништување изборен материјал и злосторничко здружување, а во тек на судењето признаа вина. Останатите, Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски, Едномд Темелко се уште пред првостепениот суд докажуваат дека не ги сториле кривичните дела за случајот кој го отвори поранешното специјално обвинителство.