АЛИУ ЗА ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ

Се анализираат коментарите, критиките и сугестии по втората фаза од Законот за медиуми (Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги) кои стигнале во голем број до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). -Се надевам дека за две недели ќе имаме драфт. Во прашање ни се национални телевизии, локални, оператори… Нема сите да бидат задоволни колку што сакаат, но битно е сите да бидат задоволни и да не се чувствуваат надвор од тој закон. Мислам дека сме на добар пат, го отворивме процесот и првпат беа сите консултирани и можеа да праќаат писмено до МИОА, рече министерот Азир Алиу на средба со новинарите. Дали во законот ќе остане членот 102, со кој беше забрането со државни пари да се плаќаат кампањи во приватни медиуми или, како што предложија неколку пратеници, тој ќе биде избришан со што би се овозможило повторно државни реклами на приватните радија и телевизии, Алиу одговори дека ќе биде усогласен со законодавството на ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*