Monthly Archives: July 2023

Состојба на патиштата 31.07.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.   На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Четворица обвинети за насилство во врска со инцидентите на Шкупи-Левски во Чаир

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера лишија од слобода четири лица поради насилство извршено врз навивачи на бугарскиот фудбалски клуб Левски на ул. Цветан Димов во скопската населба Чаир, кои самоволно се издвоиле од рутата обезбедена од полицијата и се движеле кон стадионот „Тоше Проески“ во Скопје со цел да присуствуваат на фудбалскиот натпревар ФК ...

Read More »

Бугарскиот премиер Денков: Неприфатливи агресии и обиди за предизвикување на тензии меѓу државите

За вчерашните инциденти се огласи и бугарскиот премиер Николај Денков, со оценка дека се должат на постојаните обиди да се предизвикуваат тензии меѓу државите. „Корените на овие односи се многу подлабоки. Се разбира, агресијата е целосно неприфатлива. Јасно е дека се бараат секакви прилики. Видете, спортот што треба да не обедини, во овој случај, се покажува како причина за агресија. ...

Read More »

Министерот за надворешни работи Османи за случувањата поврзани со Бугарија

Гаранциите се во преговарачката рамка со Европската унија. Не постои ниту едно поглавје со кое е опфатен договорот или протоколот со Бугарија, што значи дека по уставните измени ќе нема нови барања од бугарска страна, уверува министерот за надворешни работи. Османи вели дека до сега не слушнал негодување околу текстот на амандманот за внесување на други народи во највисокиот правен ...

Read More »

Министерствата за надворешни работи ја осудуваат бугарската песна

Говорот на омраза насочен кон Македонија и македонците се прелеа и во бугарската естрада. Тамошните медиуми споделуваат видео снимка во која бугарски естраден уметник вели дека Македонија не е држава туку бугарска територија и провинција, а во македонците течела бугарска крв. На крајот од песната дури и најавува дека ќе имало уште вакви текстови. Македонското МНР преку каналите воспоставени со ...

Read More »

Оставки на министрите од ДУИ, зависни од уставните измени

Министрите на ДУИ поднеле оставки кои ќе се ефектуираат кога опозицијата ќе гласа за уставни измени, потврдија за Телма министри од ДУИ. „Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската Унија за Интеграција поднесуваме оставки од функциите што во моментот ги извршуваме“, напишале министрите од ДУИ во писмо до премиерот Димитар Ковачевски. „Оставките, премиере, автоматски, се ефективни во моментот ...

Read More »

Шефот на делегацијата на ЕУ, Гир за прашањето за уставните промени

Европската унија има обврска да се грижи дека земјите кои преговараат нема да бидат блокирани од билатаралните прашања. Одговорност и на Брисел е да осигура дека пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија ќе се фокусира на важните прашања како владеењето на правото, економијата и животната, а не на билатералните прашања. Ова го кажа евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во ...

Read More »

Состојба на патиштата 28.07.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.   На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Иловица и автомобилот на Груби – Клучни теми на седницата во парламентот

Зошто досега не се поништила одлуката за спојување на концесиите на рудниците Иловица-Штука и зошто државата се става во ризик за исплата на милионски суми преку арбитражни спорови- прашаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на седницата за пратенички прашања, со критика до владата дека седум години не го решила проблемот. Премиерот Ковачевски и министерот за економија Бектеши пак велат вината е кај ...

Read More »

Поранешниот заменик шеф на БЕСА Хоџа и пратеникот Бајрами ќе формираат нова политичка партија

Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на Движењето БЕСА и поранешен министер и пратеникот Басри Бајрами денеска на прес- конференција информираа дека ќе формираат нова политичка партија. Хоџа на прес-конференција соопшти дека почнувајќи од денеска тој и повеќемина негови сопартијци од денеска ќе функционираат како посебна политичка формација и оти ги отвораат вратите за сите оние кои сакаат да станат ...

Read More »