
Постои страв дека Македонија повторно може да ја пропушти шансата за членство во
Европската Унија. Министерот за надворешни работи посочи дека една шанса е
пропуштена пред 20 години, а сега може пак да се случи истата грешка. Истакна и дека
мора да се има побрз пристап до фондовите на ЕУ, бидејќи во спротивно, стандардот ќе го
стигнеме за 200 години. „Една е дилемите во ЕУ по однос на процесот, второ е
билатеризацијата на процесот од страна на одредени земји членки и трето е несоодветната динамика на реформи во самите земји, односно во нас. С. Македонија беше прва со
Хрватска и Словенија која започна, ја пропуштивме можноста – Словенија и Хрватска
влегоа. И потоа почна балканизација на процесот на проширување на ЕУ – ние станавме
жртва на тој процес“, кажа Османи. Потсети на случувањата пред 20 години. „Тоа што ни
се случи пред 20 години во групата со Хрватска и Словенија, може сега пак да ни се случи
во групата Албанија, Црна Гора и Србија. Дали ќе учиме од таа лекција или ќе ја
повториме грешката, ќе видиме за неколку месеци. Процесот продолжува. Придобивки од
процесот имаше, како и слабости кои сега ги адресираме“, додаде Османи. Се осврна и на
планот кој го има Македонија со регионот. „Ако они добиваат по 5.000 евра, ние добиваме
по 150 евра по глава на жител. Ние стануваме дивергентни, не се приближуваме кон
стандардот. Проценките покажуваат дека со стапка на развој од 1,7 за 200 години ќе ги
стигнеме земјите членки на ЕУ, со три проценти за 50 години.. За овие аспекти мора да
разговараме со ЕУ, пристапот до фондовите и заедничкиот пазар на ЕУ. И затоа
Министерството започна процес за поголема интеграција пред членство“, додаде Османи.
Извонредна можност е војната Украина, за да испрати порака дека членството во ЕУ е
безбедносно прашање, истакна министерот.