Премиерот Димитар Ковачевски верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став
околу уставните измени искажан на лидерската средба од страна на нивниот лидер
Христијан Мицкоски. Ковачевски изрази уверување дека меѓу 120-те пратеници во
Собранието, мнозинството е за европската интеграција на државата. „Процесот нема да
застане без разлика на променливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека меѓу 120-
те пратеници во Собранието има огромно мнозинство кое е за европската интеграција на
земјата, изјави Ковачевски. Прашан дали има рок до кога СДСМ ќе го чека ВМРО-
ДПМНЕ, Ковачевски рече дека роковите се пропишани согласно закон и дека предлогот ќе
биде доставен до Владата од страна на Министерството за правда, а потоа и доставен до
Собранието. – Согласно со законските рокови и со политичката волја во Собранието, така
ќе биде организирана работата во однос на носењето на уставните амандмани, рече
Ковачевски, додавајќи дека што побрзо се заврши овој процес, толку подобро за државата
која не смее да биде блокирана одвнатре“, рече Ковачевски и додаде: „Во секој случај
процесот нема да застане за разлика од променливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ бидејки
тие често знаат да ги менуваат ставовите. Роковите се потпишани согласно со закон,
предлогот ќе биде доставен до Влада од страна на Министерството за правда и подоцна ќе
биде доставен до Собранието и до уставната комисија и согласно со законските рокови и
со политичката војла во Собранието таква ќе биде и работата во врска со донесувањето на
амандманот. Што побрзо тоа се заврши тоа е и подобро за државата“, заврши Ковачевски.