Битиќи во „Мултипарк Изаири“: Дијаспората е охрабрена да инвестира во татковината, финансиски и партнерски ја помагаме

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на „Мултипарк Изаири“, во општина Боговиње, Тетовско, компанија која произведува бакарни жици кои во главно се користат во индустријата поврзана со енергетиката, основана од браќата Нухи и Неби Изаири, повратници од Германија.

Во неговиот говор вицепремиерот Битиќи рече дека овој ден е јасен показател дека како Влада, длабоко сме посветени на создавање стабилен економски амбиент преку ефикасни економски политики за кои сведочи и успехот на оваа компанија со која Владата партнерски соработува уште од нејзините почетоци.

„Поддршката на Владата, која преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите ја поддржува оваа компанија, е показател за успешните економски политики на земјата, и создава поволна клима за компаниите, стимулирајќи ги да влезат во нови инвестициски циклуси. „Мутлипарк Изаири“ во 2021 година го потпиша договорот за инвестициска финансиска помош, а само за инвестицискиот циклус од таа година компанијата доби државна финансиска помош од 47 милиони денари која ќе продолжи до крајот на нивниот проект“, рече Битиќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*