„Втора шанса“ овозможува дооформување на средното стручно образование на ранливите групи

Во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ кој го спроведува Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, денеска беше промовирана пилот мерката  „Втора шанса“, која се реализира со финансиска поддршка на Европска  Унија.

По тој повод  се оддржа работна средба  на која присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, раководителот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Стефан Худолин, директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати, помошник  директорката Елена Ѓоргиева на средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“,, како и директори на средни стручни училишта, претставници од Центарот за образование на возрасни и Центарот за средно стручно образование.

Во своето обраќање до присутните министерката Тренчевска посочи дека во стратешките цели на Министерството за труд и социјална политика е  активација на што поголем број на ранливите групи на невработени лица како што се: млади, долгорочно невработени, жени и корисници на гарантирана минимална помош на пазарот на трудот.

„Пристапот  за реализација на оваа стратешка цел е различен. Едниот пристап е преку мерките за вработување  со кој им се овозможува на невработените лица  да се вработат односно преку различни видови на обуки во реални работни услови, невработените лица да се стекнат со поголема вработливост и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Другиот пристап е, а имајќи ја во предвид големата бројка на евидентирани невработени лица  со основно и незавршено средно образование, да го дооформат своето образование и тоа во формалниот систем на образование пред се средното стручно образование  со цел задоволување на потребата на реалниот сектор од квалификувана работна сила.  Ваквиот пристап се применува  пред се преку имплементација на пилот мерката за вработување „ВТОРА ШАНСА“, истакна Тренчевска.

Првично „Втора шанса“  се воведе во Планот за Гаранција за млади како можност младите лица НЕЕТ до 29 години да се доквалификуваат или преквалификуваат и да се стекнат со уверение  за стекнато знаење и вештини во рамките на формалниот систем на образование.  Потоа „ Втора шанса„ како пилот мерка за вработување се воведе во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година и 2023 година. Со оваа мерка се очекува  невработените лица кои бараат работа,  а се со незавршено  средното стручно образование, да го довршат и оформат  своето средно стручно образование во период од 12 месеци,  и да се стекнат со државна призната диплома за стручно образование и да се стекнат со II и  III ниво на стручни квалификации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*