Со Предлог-буџетот на МВР за 2023 обезбедени средства за реконструкција на витални објекти

„Темелот на нашиот безбедносен систем е добро подготвена и добро опремена полиција, и затоа Владата на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетот на Министерството за внатрешни работи го зголемува за 6%. Предлог-буџетот на МВР за следната година е 182,7 милиони евра. Како Влада создаваме ефикасна, одговорна и модерна полиција, чувар на редот и законот и чувар на демократијата, затоа и годинава што е пред нас, без разлика на предизвиците кои ги наметнува енергетската и економската криза, нема да запреме со редовна исплата на плати и бонуси на полицајците, со купување нова опрема, нови средства за работа, а ќе продолжат и инвестициите во реновирање и реконструкција на објектите каде работат полициските службеници и останатите служби на МВР“, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на прес-конференцијата посветена на Предлог-буџетот на МВР за 2023, која се одржа денеска во владиниот Медија центар, а на која учествуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Премиерот Ковачевски подвлече дека имајќи го предвид стремежот и активностите на Владата за што побрзо членство на Северна Македонија во ЕУ, заедничка обврска е секој полицаец да се почувствува уште поценет во општеството, со подобри шанси за квалитетен живот, но и поквалитетни услови за работа, налик на европските стандарди. Оттука, како што посочи Ковачевски, во предлог буџетот на МВР за 2023, меѓу другото, издвоени се средства за обуки и едукации на полицијата и стручни усовршувања во земјата и во странство, за уште подобри и поуспешни резултати во работењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*