Министерот Алити беше говорник на Тркалезната маса по повод Академската конференција на дијаспората по ИКТ

 

инистерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити,  заедно со г. Насер Сахити – Ректор на Универзитетот во Приштина, г. Едмонд Хајризи – Ректор на Универзитетот за бизнис и технологија (УБТ), г. Самедин Крабај-Ректор на Универзитетот во Призрен, г. Едона Малоку Бердина – заменик Министерката за образование, наука, технологија и иновации на Република Косово, г. Лиза Гаши – заменик Министерот за надворешни работи и дијаспора во Република Косово, беше дел од тркалезната маса што се одржа во Косово по повод Академската конференција на дијаспората по ИКТ.

На овој панел Алити се осврна на улогата на албанската дијаспора во зголемувањето на истражувачките капацитети во ИКТ, каде што ја истакна потребата од законски измени и официјализирање на соработката меѓу нашите институции или универзитети и странските, со цел конкретните проекти да резултираат со зголемување на нивото на истражување и истражувањата во нашите земји.

Министерот Алити им се заблагодари и на сите професори од дијаспората, за нивниот придонес и посветеност да овозможат квалитативни истражувања и студии за студентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*