Премиерот Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека заклучоците кои ги изгласа Собранието ќе бидат основата за преговорите и евроинтеграциските процеси.
,,Целта на тие заклучоци е токму заштитата на македонскиот јазик и идентитет. И не само оваа Влада туку и сите наредни влади кои што ќе преговараат со ЕУ кои што ќе потпишуваат документи со ЕУ ќе треба да ги имаат пред себе заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија. Како што преговарачката рамка која што денеска ја имаме пред нас, која што ја имаше на увид целата македонска јавност, како што ја имаа на увид сите експерти, сите медиуми, сите членови на парламентот во која што јасно е наведен македонски јазик без никакви фусноти, сите документи на ЕУ во иднина до крај, до пристапување во ЕУ ќе треба да бидат со таква дефиниција чиста на македонски јазик.
Истото тоа се однесува и на мултилатералните документи кои што Република Северна Македонија ќе треба да ги потпишува, првиот кој што ќе треба да биде потпишан е договорот Фронтекст во кој што ќе треба да стои чист македонски јазик”, рече Ковачевски.