Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски положи венци свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој беше придружуван од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Положувањето цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“ е дел од пригодните активности кои во чест на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, како за чествување и за оддавање почит на сите кои учествуваа во поразот на фашизмот во Втората светска војна, како и на сите оние кои учествуваа во изградбата на Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*