Од 39-тата седница на Владата: Северна Македонија ќе аплицира за користење на Макро-финансиска поддршка на ЕУ

Владата на Република Северна Македонија на денешната 39-та седница, којашто се одржа преку видеоконференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од користење на Макро-финансиска поддршка (МФП) од Европската Унија за не – ЕУ држави.

Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од 7 дена да испрати до Европската Комисија писмо за формално барање за користење на Макро-финансиска поддршка од Европската Унија за Република Северна Македонија.

МФП е наменета за земји кои географски, економски и политички се блиску до ЕУ, вклучувајќи ги земјите кандидати, потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се граничат со ЕУ, односно сите земји опфатени со Европската соседска политика, а во одредени околности и други трети земји и има за цел да помогне на земјите апликанти за оваа финансиска поддршка во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи и е наменет како дополнување на финансирање претходно одобрено од ММФ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*