Monthly Archives: April 2022

Владата и СОНК постигнаа согласност, од среда да продолжи наставата и работата на градинките

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор. ...

Read More »

Телефонски разговор Османи – Ескобар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во фокус на разговорот беа темите поврзани со  билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, и потребата од што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји, и со тоа кревање на рампата ...

Read More »

Укинати се одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од ковид при влез во земјата

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција, информираа за донесените одлуки и заклучоци од 40-тата седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите. Во контекст на олеснување на мерките за заштита од КОВИД-19, како што посочија, Владата на вчерашната седница донесе одлука да престане да важи обврската на домашните и странските ...

Read More »

Од 40-тата седница на Владата: Владата предложи покачување на платите од 10%, учениците да се вратат во училиштата

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии ...

Read More »

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска ...

Read More »

Состојба на Патиштата 20.04.2022

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Тренчевска: Одбивањето за зголемување на платите од 10% во време на криза од СОНК е потврда дека интересите на децата не се земаат предвид, туку личните интереси

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на денешна работна посета во Општина Струмица, даде изјава за јавноста во врска со штрајкот организиран од СОНК, во која вели дека местото на учениците е во училиште, а на предучилишните деца во градинка, како и дека одбивањето на понуденото решение од Владата за зголемување на платите на наставниците, воспитувачите и негувателите ...

Read More »

Од 39-тата седница на Владата: Северна Македонија ќе аплицира за користење на Макро-финансиска поддршка на ЕУ

Владата на Република Северна Македонија на денешната 39-та седница, којашто се одржа преку видеоконференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од користење на Макро-финансиска поддршка (МФП) од Европската Унија за не – ЕУ држави. Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од 7 дена да испрати до Европската Комисија писмо за формално барање за користење на Макро-финансиска ...

Read More »

Состојба на Патиштата 19.04.2022

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Ковачевски: Владата и јавноста очекуваат реципроцитет во пристапот

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како одговор на прашањето во врска со отворањето на културниот центар во Битола, ,,Ванчо Михајлов”, вели дека Владата и јавноста очекуваат реципроцитет во пристапот. „Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција ...

Read More »