Ковачевски во Брисел на средба со млади професионалци од Северна Македонија во Белгија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Брисел, каде се наоѓа во дводневна работна посета се запозна и поразговара со млади професионалци од нашата земја, кои работат во меѓународните институции и приватниот сектор во Кралството Белгија.

На средбата, премиерот Ковачевски придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорката на Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, Агнеза Руси – Поповска со младите професионалци разговараше за нивните лични професионални предизвици и за актуелните меѓународни случувања на политичката сцена во Северна Македонија.

Една од темите на разговор беше Отворен Балкан, при што премиерот Ковачевски информираше дека Иницијативата не е замена за Европската Унија, но, е значајна за регионалниот развој на економијата и олеснување на движењето на луѓето, како и на стоките и подобрување на условите за соработка.

Премиерот Ковачевски во разговорот со младите од Северна Македонија разменија мислења за важноста на проширувањето на видиците кои ги обезбедуваат меѓународните студии и градењето на професионалната кариера во странство.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека групата на млади луѓе кои се на состанокот се истакнати професионалци со капацитет на знаење и искуство кои можат да бидат вклучени во евроинтеграциските процеси.

Амбасадорката Руси изрази благодарност до младите кои се одзваа на поканата да присуствуваат на средбата, истакнувајќи дека вмрежувањето е многу важно и за добра меѓусебна соработка.

Присутните млади професионалци низ разговорот споделија дел од своите работни искуства, информирајќи подетално за моменталните професионални подвизи на кои работат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*