Monthly Archives: January 2022

Премиерот Ковачевски се сретна со претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности, меѓу кои и средбата со Бојко Борисов и раководството на партијата ГЕРБ. На средбата, на која присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседателка ...

Read More »

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија. На средбата беше истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните ...

Read More »

Состојба на Патиштата 25.01.2022

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За сите подетални информации ...

Read More »

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50% повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден“. Вработените на оваа компанија, која заради сложениот производствен процес мора да работи и во недела, добиваат дополнителни 50% од основната дневница. Со тоа просечната плата на оние вработени кои работат во недела во оваа компанија порасна“, рече премиерот Димитар ...

Read More »

Министерот Николовски потпиша нови 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во 20 општини

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска потпиша нови 900 договори за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. Овие договори се за двата јавни повици објавени во август 2021 година за површини во Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Велес, Берово, ...

Read More »

Состојба на Патиштата 24.01.2022

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За сите подетални информации ...

Read More »

Премиерот Ковачевски за Канал 5: Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство

„Во моето експозе најавив дека уште од првиот ден ќе се зафатам со справување на енергетската криза, пандемијата и животниот стандард на граѓаните, со пензиите и минималната плата“, рече во интервју за Канал 5 Телевизија премиерот Димитар Ковачевски. „Идна недела започнува социјалниот дијалог за износот на минимална плата во државата во кој се вклучени синдикатите и компаниите. Сметам дека во ...

Read More »

Од четвртата седница на Владата: ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата на Република Северна Македонија на денешната четврта седница донесе Одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Со оваа одлука дополнителните количини на топлинска енергија ќе се обезбедат од домашно производство со склучување договори за уредување на меѓусебните односи помеѓу вршителите на енергетските дејности на пазарите на енергија и тоа ...

Read More »

Премиерите Ковачевски и Петков положија цвеќе на спомениците „Св. Кирил и Методиј“ и на „Св. Климент и Св. Наум Охридски“

Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков положија цвеќе на спомениците на „Св. Кирил и Методиј” и на „Св. Климент и Св. Наум Охридски” во центарот на Скопје. Двајцата премиери заеднички оддадоа почит на делата на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј и на Св. Климент и Св. Наум како уште ...

Read More »

Главниот кризен КОВИД-19 штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари

Денеска, 17.01.2022 година со почеток во 20:00 часот се одржа првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Седницата ја водеше премиерот Ковачевски, а на истата присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска. Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба ...

Read More »