Бочварски: Обиколницата Штип од утре ја пуштаме во употреба за сообраќај

Тоа што пред извесен период го ветивме, денеска го реализираме. Штип доби
нова модерна обиколница, како дел од експресниот пат Штип – Радовиш,
истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со
директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на
изградената обиколница.
Тие најавија дека од утре попладне обиколницата ќе биде пуштена за
сообраќај за сите возила. Обиколницата е во должина од 6 километри,
коловозот е проширен на 11,5 метри, со две коловозни ленти од 3,5 метри
ширина и две ленти за застанување.
„Граѓаните на Штип, граѓаните на југоистокот, од утре ќе можат да возат по
нова, модерна и безбедна обиколница, без притоа да мораат да влегуваат во
градот. Практично со ова сообраќајот во Штип се враќа во нормала. Јас денес
знам дека после 40 години направивме реконструкција на овој патен правец за
наредните години и децении, а ќе биде пред се за поголема безбедност и
побрз транспорт.“ – изјави министерот Бочварски.
Во однос на втората фаза на експрениот пат, од клучката кај Три Чешми, тој
истакна дека се работи интензивно и очекувањата се комплетно патот да биде
пуштен во употреба и пред крајниот рок кој е во април 2022 година.
Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека
градежните работи на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш се
влезени во завршна фаза.
„Градиме квалитетно согласно најновите и највисоките европски стандарди за
непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Таков е случајот и со
обиколницата која од утре ќе биде пуштена во употреба за граѓаните.
Коловозот е изведен како две коловозни ленти од по 3,5м ширина и две ленти
за застанување од по 2м. На еден дел од делницата, пак, поради
овозможување на влез и излез на индустриските капацитети се изврши
рехабилитација на постоечкиот пат.“ – изјави директорот Рустеми.

2 Министерство за транспорт и врски на
Република Северна Македонија

Ул. „Црвена Скопска Општина “ бр. 4,
Скопје
Република Северна Македонија

+389 2 3145 497
www.mtc.gov.mk
На новинарско прашање министерот Бочварски истакна дека со средства од
Министерството за транспорт и врски се гради браната на река Отиња, се
реконструираат неколку улици во Штип, како и изградба на водоснабдителен
систем во населбата Македонка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*