Monthly Archives: November 2021

Од 119-та седница на Владата: 284,9 милиони денари за поддршка на нови 1216 вработувања во реалниот сектор

Владата на Република Северна Македонија на денешната 119-та редовна седница го разгледа и прифати ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. Со ревидираниот Оперативен план обезбедени се дополнителни средства за активни програми и мерки за вработување со ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 284.960.000 ...

Read More »

Шахпаска: Ги повикувам граѓаните да ги искористат активните мерки од Оперативниот план

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при денешната посетата на Крушево ги повика граѓаните да се вклучат и да ги искористат активните мерки од Оперативниот план, со цел да се намали невработеноста на сметка на зголемување на активноста на пазарот на трудот. При увидот во имплементацијата на програмата за Економска грижа од Оперативниот план преку која се спроведува мерката ...

Read More »

ДОМ: Трибина на тема Климатска акција – сега!

Во организација на зелената партија ДОМ, денес се одржа онлајн трибина на тема Климатска акција – сега! Воведно излагање на настанот имаше претседателката на ДОМ Маја Морачанин. Во своето обраќање таа ја потенцираше важноста од доследно спроведување на политиките за климатски промени и носење и имплементација на законските решенија за климатска акција во пракса. На трибината, заменик министерката за животна ...

Read More »

ГЛОБСЕК индекс на ранливост кон странско влијание – Северна Македонија

Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија во соработка со Глобесек од Словачка, поддржани од Стејт Департментот на САД работеше на комплексно истражување кое ги анализираше точките на ранливост кон странско влијание во осум држави од Централна Европа и Западен Балкан: Северна Македонија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словачка. Во прилог во атачмент најдете документ кој содржи поопширни ...

Read More »

Претседателот Пендаровски го прими Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. На средбата се разговараше за стабилноста на македонскиот електроенергетски систем и предизвиците со кои се соочуваме, како и за владината уредба за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор. Во таа насока, Бислимоски го информираше претседателот Пендаровски за активностите што се преземаат и предвидените мерки во ...

Read More »

„Open Balkan ID“ за слободен пристап до пазарот на труд и за олеснување на увозот, извозот

Делегација на Република Северна Македонија предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски учествуваше на работниот состанок на кој вчера и денеска се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите кои ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар. На состанокот се утврдени следните чекори со кои преку иницијативата „Отворен ...

Read More »

Претставници на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно

Денеска на покана на премиерот Заев во Владата се одржа средба на претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот. Сите партнери од парламентарното мнозинство беа присутни на средбата и изразија поддршка на влада од ова парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Заеднички се констатираше дека на Северна ...

Read More »

Заев: Заедно со граѓаните донесовме слобода и демократија, а кога е демократија има и одговорност, поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ

Почитувани граѓани, Дозволете јас од името на СДСМ и сите наши луѓе да им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за ...

Read More »

Сред​ба на вицепремиерот Димитров со европратеникот Ројтен

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со Тајс Ројтен, пратеник во Европскиот парламент и член на Мешовитиот парламентарен комитет  ЕУ – Северна Македонија, во рамки на неговата работна посета на земјава. На средбата беше дискутирано за трансформативната моќ на ЕУ во регионот во контекст на политиката на проширување и нејзината кредибилност, што особено ...

Read More »

Состојба на Патиштата 01.11.2021

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За сите подетални информации ...

Read More »