Левица – Соопштение до јавност: Поднесена кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Беким Максути

Изминативе денови, јавноста повторно е сведок на некомпетентноста на системот за
справување со кризи, овој пат со пожарот кој неколку дена беснееше на Галичица. Штетите по
природните ресурси се непроценливи и сето тоа поради неажурност и слабости на државниот
систем за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од огнената
стихија.
Политичката партија Левица ја известува јавноста дека поради пожарите кои ја зафатија
Македонија минатиот месец и притоа предизвикаа значителна материјална штета, поднесена
е кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким
Максути. Кривичната пријава е поднесена поради постоење на основано сомнение за сторено
кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в, ст.1 од Кривичниот
законик на РМ, со запретена затворска казна од три месеци до три години.
Максути се терети дека во својство на службено лице, преку преземање на умислено и
инкриминирано комисивно противправно дејствие (acta humana ilicita), односно
необезбедување навремена проверка и сервисирање на противпожарните авиони и
непочитување на временски рокови за склучување на потребните договори за сервисирање
на авионите, пријавениот го отежнал процесот на планирање, организирање, финансирање и
надзор за навремена превенција и отстранување на причините и последиците од природните
непогоди. Со тоа, Максути го довел во прашање извршувањето на активностите и постапките
кои се преземаат од инволвираните страни во процесот на организираното спроведување на
заштитата и спасувањето од пожари!
На овој начин, со преземеното противправно дејствие, пријавениот постапил спротивно на
законските одредби за совесно постапување при вршење на своите законски овластувања и
должности, а дополнително предизвикал значителна материјална штета која сè уште не е
проценета и чијашто сума, кога ќе биде проценета, ќе биде тешко надоместлива.

Линк: https://levica.mk/2021/09/05/podnesena-krivichna-prijava-protiv-direktorot-na-direktsijata-
za-zashtita-i-spasuvane-bekim-maksuti/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*