Бектеши се сретна со угостителскиот сектор: приоритет е здравјето на граѓаните

По вчерашните одлуки на Владата, министерот за економија, Крешник Бектеши денес имаше средба со различни претставници од  угостителскиот сектор. На состанокот се разговараше за протоколите и новите одлуки на Владата од вчерашната седница.

По состанокот, Бектеши изјавил дека беше многу конструктивна средба каде сите се согсогласиле дека приоритет над приоритетите останува здравјето на граѓаните и дека мора да се почитуваат протоколите што се во сила и дека во наредниот период бројот на заразени и случаи со СОВИД-19 да се намали за да им се даде простор и на Владата и на Комисијата за заразни болести да не донесуваат нови рестриктивни мерки.

Министерот Бектеши им се заблагодари на целиот угостителски сектор за разбирањето што го изразија и дека како Министерство за економија ќе ги поддржи со нови мерки доколку ќе има потреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*