Таеквондистот Дејан Герогиевски сребрен на Олимпијадата во Токио

Таеквондистот Дејан Георгиевски и донесе на земјава сребрен медал од Олимписките Игри во Токио, откако во финалето во категоријата до 80 килограми беше поразен од рускиот таеквондист Владислав Ларин со резултат 16:9 во корист на Ларин. Со ова, Георгиевски го оствари најдобриот резултат за земјава на Олимписки Игри, и ѝ донесе втор медал на земјава, по бронзата која борачот Могамед Ибрагимов ја освои во 2000 година на Олимпијадата во Сиднеј. Георгиевски прими честитки од целиот државен врв, како и од многу политичари и претседатели на спортски комитети и клубови во државата. Владата на Република Северна Македонија одлучи да ги награди Георгиевски и неговиот тренер Дарко Костовски со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во Токио. Агенцијата за Млади и Спорт исто така ќе го награди Георгиевски со 600,000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*