Состојба на Патиштата 28.07.2021

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај.

Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*