Вицепремиерите Битиќи и Груби на доделувањето на втората група договори од ТАВ програмата

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестици, Фатмир Битиќи присуствуваа на настанот на кој беа доделени втората група на договори за реализација на 36 инфраструктурни проекти во 34 општини, за исполнување на реалните потреби на граѓаните.

 

Вицепремиерот Битиќи, обраќајки се на настанот пред присутните, порача дека Владата мисли за сите граѓани, во целата држава, независно каде живеат, постојано се размислува за рамномерниот регионален развој, како и за подобрување на условите за живот и подигнување на животниот стандард на секој еден граѓанин.

 

„Реализацијата на ТАВ Програмата, со која се предвидени 94 проекти во целата земја, во вредност 49,7 милиони евра, проекти кои се за реални потреби на граѓаните, го покажува токму тоа. Пред само две недели, ги доделивме првите 23 договори за реализација на инфраструктурни проекти во вредност од 609,9 милиони денари или 9,9 милиони евра, а денес ќе бидат доделени дополнителни 36 договори за чија реализација се издвоени 1 милијарда и 76 илјади денари или 17,5 милиони евра. Никогаш вака не се вложувало во општините, никогаш досега вака не се вложувало во вистинските потреби на граѓаните. Тоа е промената која граѓаните ја бараа, тоа е она што ние како одговорна Влада, преку партнерството со ТАВ и самите општини и го овозможуваме за граѓаните“, нагласи Битиќи.

 

Тој посочи дека во втората група на договори најбројни се, по девет, оние поврзани со проекти за водоснабдување и проекти за изградба и рехабилитација на улици и локални патишта.

 

„Во село Речани во Велес, ќе се градат секундарни водоводни линии, ќе се реконструира мрежата во Виница, ќе се гради нова мрежа во кавадаречката населба Бушани, нова мрежа ќе има и кон селото Топловиќ во кратовско, во Крушево ќе се изработува основен проект за водоснабдување во заштитната зона, нов главен доводен цевковод ќе добијат селата Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Свети Тодори, Трновци, Вашарејца и Лознани во Општина Могила, селото Тремник во Неготино ќе има нов резервоар за питка вода, ќе се гради и доводен цевковод во индустриската зона во Пехчево и ќе се работи на водоснабдување на општина Штип. Во врска со улиците и патиштата, ќе се реконструира улицата Бранд Петрушев во Богданци, ќе се гради нова улица во с. Ногаевци во Градско, нови улици во Дебар и во дебарското село Баништа, нова улица во Карпош, нов локален пат во Мезовски ливади во Крива Паланка, ќе се реконструира улицата Гоце Делчев во Охрид и патот Крушопек-спортски центар Сарај и ќе се изработи основен проект за нови улици во Струга“, рече вицепремиерот.

 

Битиќи подвлече дека во оваа група ќе се реализираат и осум проекти поврзани со изградба или рехабилитација на комунална инфраструктура, фекална или атмосферска канализација.

 

„Атмосферска или фекална канализација ќе се гради во беровското село Мачево, како и во Јурумлари во Гази Баба, каде ќе се изгради и пречистителна станица, нова канализациона мрежа ќе има и во с. Црничани во Дојран и во дел од општина Кисела Вода, нова канализациона мржа ќе добие и индустриската зона во Македонска Каменијца, со овие проекти финансираме основен проект за фекален колектор за селата Сопот, Табановце и Четирце во кумановско, атмосферска канализација во Пробиштип и комунална инфраструктура во Центар“, посочи вицепремиерот.

 

Тој додаде дека ќе се реализираат и два проекти за уредување на речни корита во Тетово и Липково,  изградба на нов мост во Скопје, реконструкција на општата болница во Гостивар, на младински центар во Желино и на дом на култура во Демир Капија, проширување на основно училиште во Долнени, реконструкција на центарот на градот и капела за православните гробишта во Кичево, како и изградба на нова спортска сала во општина Чашка.

 

„Ова се реални проекти за реални потреби на граѓаните. За наш поквалитетен живот, за подобра денешница и иднина на нашите деца. Секој еден граѓанин заслужува да има исти или подеднакви услови за живот со сите други“, нагласи и подвлече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

 

Генералниот оперативен директор на ТАВ Аеродромите, Куршад Кочак, рече дека пандемијата сериозно влијаеше врз воздухопловната индустрија, а тоа доведе до остар пад на бројот на патници кои патуваат преку аеродромите на ТАВ. Се осврна на 2019 година, кога беше достигната бројка од 2.7 милиони патници и посочи дека се надева дека 2021 година ќе биде година на нови почетоци, успеси и усовршувања.

„Вкупниот износ на инвестицијата за над 90 проекти ќе изнесува 49.7 милиони евра. 35 милиони евра ќе бидат наменети за локални проекти, додека останатите 14.7 милиони евра ќе бидат наменети за инвестиции за подобрување на аеродромите. Средствата за овие посебни проекти во општините ќе се наменат за подобрување на локалната инфраструктура, како водоводни мрежи, патишта, канализациски системи, училишта, спортски сали и болници. Како ТАВ, среќни сме што создаваме општествена вредност и што придонесуваме за локалните заедници низ целата држава“, нагласи во своето обраќање Кочак.

Договорите за реализација на инфраструкурните проекти, од страна на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на настанот им беа доделени на сите 34 општини, со што се создаваат услови за реализација на овие 36 прокти, кои ќе влијаат на подобрувањето на условите за живот на граѓаните во различните региони во Република Северна Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*