Шахпаска: Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети

„Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети и за таа цел Министерството за труд и социјална политика со сите свои капацитети ќе биде дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, особено во компонентата за Човекови права и алтернативни санкции“ , нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на денешната работна средба со имплементаторите на проектот Мојца Кузмички и Дитер Шиндлауер.

Главна цел на овој ЕУ/ИПА проект е зајакнување капацитетите на релевантните институции за владеење на правото и почитување на човековите права.

Министерката Шахпаска истакна дека поддршката што МТСП ќе ја добие особено во делот на спречувањето на родовото насилство и родовата дискриминација, заштитата на децата, како и градењето на капацитети за спречување на семејно насилство е многу значајна. ​

Таа ја изрази подготвеноста на Министерството и неговите служби за активно вклучување во проектните активности.

Преку петгодишниот грант проект ќе се овозможи јакнење на капацитетите за примена на принципите базирани на човекови права, подобрување на капацитетите за имплементација на политиките за детски права и системот за заштита на децата, зајакнување на состојбите по однос на родово базираното насилство и родово базираната дискриминација, како и подигнување на свеста за човековите права и институциите што ги штитат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*