Monthly Archives: April 2021

ЗПВ Николовски на средба со градоначалникот Јанчев

Во рамки на редовните состаноци и запознавање со Планот за борба против корупција, денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работен состанок со градоначалникот на опптина Кавадарци, Митко Јанчев. На состанокот се разговараше за мерките и препораките од усвоениот План за борба против корупција, како и ...

Read More »

Премиерот Заев и министрите Бектеши и Нуредини: Фотоволтаичната централа во Теново завршена пред рок

„Фотонапонската електро централа во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостатокот на електрична енергија во ...

Read More »

Обраќање на претседателот на СДСМ Зоран Заев на онлајн настанот по повод 30 години СДСМ

Почитувани граѓани, драги социјалдемократи,   Нека е честит 30тиот роденден на СДСМ. 30 години СДСМ води храбри, визионерски државнички политики што водат напред. Од вонвременскиот 8 септември 1991 година на плоштадот во Скопје, до историскиот 30 март 2020 на платото пред седиштето на НАТО во Брисел, СДСМ е нераскинлив дел од секој успех на државата и граѓаните. Не било лесно ...

Read More »

Премиерот Зоран Заев и Министерката Мила Царовска остварија средба со ПМФ

Премиерот Зоран Заев, заедно министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на Природно-математичкиот факултет остварија средба со деканот Александар Скепаровски и продеканите на факултетот на која беше дебатирано за усвојувањето на Колективниот договор за високо образование и наука. Во изјавата за средбата премиерот Заев рече дека конечно е постигнат договор којшто неколку претходни Влади не успеја да го остварат. ...

Read More »

Бесими и Николовски: Нулта толеранција за корупцијата и неформалната економија

За подобра деловна клима и забрзан и одржлив економски раст, потребно е во континуитет да се работи на екосистем со нула корупција и праведна (лојална) конкуренција, каде сите ќе го плаќаат својот дел од давачките. Во оваа насока се и 16-те мерки од Акцискиот план за сузбивање на сивата економија на Министерството за финансии и 18-те мерки од „Акција 21“ ...

Read More »

Спасовски: Проблемот со двојни матични броеви датира од ‘81

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешното интервју во „Клик плус“ на ТВ 21 ги демантираше обвинувањата од опозицијата дека над 20.000 граѓани имаат по два матични броја и по два пати ги има во гласачки список. „Опозиција и лидер од кои секојдневно гледаме лица коишто се носители на важни функции во партијата, лица кои ја предводеле државата во ...

Read More »

Претседателот Пендаровски во Гостивар: Вакцинацијата да се одвива континуирано

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посетa на вакциналниот пункт и на Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом во Гостивар. Претседателот Пендаровски беше запознаен со протоколите според кои се одвива процесот на вакцинација во Гостивар и гостиварскиот регион.  Директорот на здравствениот дом, д-р Јамин Синани, го информираше претседателот Пендаровски за моментално опфатените таргет групи, во коишто се вакцинираат граѓани над ...

Read More »

Во последните седум дена инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на коронавирусот, седумте инспекциски служби во изминатите денови спроведоа вкупно 6.038 надзори и контроли. Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони. При спроведените контроли, на лице место се затворени три објекти ...

Read More »

Од 65-та седница на Владата: Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест. Со предложените измени се уредува и начин на вршење на здравствена дејност ...

Read More »

Дискусија за концептот на Отворено владино партнерство

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија, со свое обраќање се приклучи генералниот директорот на Отворено владино партнерство (ОВП) од Канцеларијата во Њујорк, Санџај Прадхан. Во своите воведни обраќања претседателот на Владата Зоран Заев и директорoт на ОВП Прадхан, се осврнаа на придобивките кои произлегуваат од концептот на ОВП, ко-креирањето на петтиот Национален акциски план 2021-23, како и ...

Read More »