Лидерот на Левица Апасиев се сретна со рускиот амбасадор

Денес, 22 април 2021 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во репрезентативната
„Струшка соба“ на Собранието на РМ – пратеникот проф. д-р Димитар Апасиев од Левица
оствари средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин.
На оваа прва официјална средба беше разговарано за предизвиците со кои се соочува
земјата во време на пандемијата со Ковид-19, како и за ефикасноста на процесот на
вакцинација на населението со руската вакцина „Спутник V“, која им беше понудена на
македонските здравствени власти уште во месец август 2020 год. Отворени беа и прашања
од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на
дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски, и кои
воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи.
Пратеникот Апасиев се огради од последниот контроверзен твит на министерот за
надворешни работи и потсети дека ваквиот министерски личен став воопшто не ја
изразува волјата на мнозинството наши сограѓани.
Отворени беа и други прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји,
со особено значење на стипендиите за македонските студенти кои ги дава Руската
амбасада на годишно ниво, а беа опфатени и теми од современата геополитика.
Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна
соработка меѓу двата народа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*