ЗПВ Николовски на средба со градоначалникот Јанчев

Во рамки на редовните состаноци и запознавање со Планот за борба против корупција, денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работен состанок со градоначалникот на опптина Кавадарци, Митко Јанчев. На состанокот се разговараше за мерките и препораките од усвоениот План за борба против корупција, како и тоа што општината го има имплементирано како мерки во делот на спречување на корупција.

Вицепремиерот Николовски посочи дека, според рангирањето на исполнување на владината препорака во делот на објава на потребните 22 категории на документи согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, општина Кавадарци е со високо ниво на исполнетост на препораката.

„Колку поголема активна транспарентност и отчестност толку посилна е борбата против корупцијата, затоа што отчтноста и транспарентноста се половина од борбата против корупција. Една од новите мерки во Планот за броба против корупција е носењето на Антикорупциските програми од страна на институциите формирани од Владата, сите друштва формирани од Владата, акционерските друштва, јавни претпријатија и останатите институции, но оваа препорака се однесува и на општините. Општина Кавадарци моментално ја подготвува својата Антикорупциска годишна програма. Со тоа, ја јакнеме свеста за значењето од детектирањето на сите ризици во делот корупцијата, особено во делот на услугите на општините“, изјави вицепремиерот Николовски.

На состанокот вицепремиерот Николовски го информираше градоначалникот Јанчев, за новата одлука на Владата за ограничување на трошоците за угостителски услуги за работни состаноци во угостителски објекти која важи за сите државни функционери, како и за подготвката на регистарот за користење на службгени возила.

Исто така беше разговарано и за дигиталната реформа, како клучен сегмент од Планот за борба против корупција и модел за сузбивање на корупцијата, меѓу што е дигитализацијата на матичните книги, комплетното дигитално поврзување на институциите, како и дигитализација на правосудниот систем.

Градоначалникот Јанчев, посочи дека општината активно ќе се вклучи во исполнување на пепорките од Планот за борба против корупција.

„Ние како општина се стремиме кон дигиталицазија, се стремиме кон тоа да ги имплементираме антокорупциските мерки и да ги спроведиме во општината и во јавните претпријатиа а да бидат усогласени со Владата на РСМ. Да бидеме транспарентни, објективни, а со тоа да придонесеме кон напорите на Владата за борба против корупцијата“, рече градоначалникот Јанчев.

Во рамки на посетата на Кавадарци, вицепремиерот Николовски, имаше работен состанок и со претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, на кој беше  истакната зголемената потреба за дигитализација во судството, која ја наметна светската пандемија, за потребата од дигитална трансформација на сите нивоа во правниот систем, и за се она што им е потребно на судовите за спроведување на тој процес. Основниот суд Кавадарци е првиот суд во Република Северна Македонија кој применува онлајн судење во време на пандемија од коронавирус и на овој начин веќе има изречено казни во кривични предмети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*