Министерот за надворешни работи, Бујар Османина софискиот аеродром оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, во рамките на неговата дипломатска мисија за посета на Швајцарија и Шпанија.
Средбата мина во исклучително пријателски тон, на која беа отворени темите за билатералните односи, внатрешно-политичките случувања во двете земји, како и европските перспективи на Република Северна Македонија и целиот регион.
„Добрососедските односи се наш прв приоритет, и нашата искрена заложба е зајакнување на односите со Република Бугарија. Тоа е и наш државен интерес, за што остануваме цврсто посветени на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани“, истакна Османи.
Османи и Борисов се согласија дека патот напред е преку усвојување и практикување на европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително ќе ги зацврсти билатералните релации.