Бектеши: Министерството за економија со 2 милиони денари финасиски ќе ги поддржи здруженија на потрошувачи за мерки за заштита на потрошувачките права

Министерството за економија го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства за реализација на проект на здруженијата на потрошувачите.  За оваа намена се предвидени вкупно 2 милиони денари од Буџетот на Министерството за економија, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, по повод Меѓународниот ден на заштитата на правата на потрошувачите -15 март.

“Основната цел на нашата политиката за заштита на потрошувачите е унапредување и заштитата на правата на потрошувачите преку подобрување на законодавството, подобра информираност и едукација на потрошувачите, советување, едукација и дирекна финансиска подршка на невладиниот сектор-здруженија за заштита на потрошувачите за подигање на потрошувачката свест и култура на национално и локално ниво. Министерството за економија како надлежно министерство за заштита на потрошувачите ги следи политиките на Европската Унија.Во таа насока се и мерките кои што оваа година ќе ги спроведуваме во Програмата за заштита на потрошувачите“, напиша министерот Бектеши.

Според јавниот повик објавен на веб- страната на Министерство за екномија сите здруженија на потрошувачи имаат рок до 25 март да аплицираат.

Оваа година средствата од Програмата за заштита на потрошувачите на Министерство за економија, според јавниот повик, ќе се насочат на: презентација на одредбите од новиот Закон за потрошувачи, подготовка и промоција на брошура и летоци за правата на потрошувачите, презентација на анализа за состојбата во однос на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, поддршка на невладините организации за заштита на правата на потрошувачите и координација  на активностите за надзор и зајакнување на соработката помеѓу институциите вклучени во заштитата на потрошувачите и поддршка на невладиниот сектор за обезбедување информации и помош за потрошувачите.

Јавниот повик може да го најдете на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2920

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*