Monthly Archives: March 2021

Бектеши: Поддршка од 52 милиони денари за домаќинствата за субвенции

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека Министерството за економија денеска објави четири јавни повици кои произлегуваат од Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година. Оваа година во рамки на оваа програма се предвидени вкупно четири мерки во вкупен износ на финансиска поддршка од 52 милиони денари ...

Read More »

Заев: Полковник Јанкович и целиот тим на канцеларијата на НАТО во Скопје професионално ја завршија задачата

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев го прими полковникот Зоран Јанкович, шефот на НАТО канцеларијата во Скопје во проштална посета. Двајцата соговорници на средбата изразија задоволство од работата на НАТО канцеларијата во Скопје која ја заврши својата успешно својата мисија која имаше за цел да ја пружи неопходната поддршка на процесите во земјата со полноправното членство на Република ...

Read More »

Средба на министерот Спасовски со претставници од Делегацијата на ЕУ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државниот секретар Магдалена Несторовска, денеска во Министерството за внатрешни работи одржаа работен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија, предводени од раководителот на Одделот за соработка, Никола Бертолини. На состанокот беа разгледани динамиката и прогресот од досегашната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Делегацијата на Европската Унија, во делот на ...

Read More »

Средба на претседателот Пендаровски со министерот за одбрана на НР Кина, генерал Веи Фенгхе

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенгхе, кој престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и почит. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија, која е членка на НАТО и земја-кандидат за ...

Read More »

Изјава на претседателот Пендаровски по 12-та седница на Советот за безбедност

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа 12. седница на Советот за безбедност, на која беше разговарано за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија, за преземените мерки и за планираните активности од страна на надлежните институции. Почитувани, во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски. Денеска се одржа ...

Read More »

Кундурос до државните институции на Република Северна Македонија и претставниците на сите дипломатски мисии во Скопје

По повод прославувањето на Денот на независноста на Грција на 25ти март и обележувањето 200 години од започнувањето на грчката борба за независност и основањето на современата грчка држава, амбасадорот на Хеленската Република во Северна Македонија, Русос Кундурос, го доставува до државните институции на Република Северна Македонија и до претставниците на сите дипломатски мисии во Скопје следново писмо:   “Почитувани, ...

Read More »

Премиерот Заев: Иновациите движат напред, македонските „зелени машини“ се извезуваат во светски рамки

„Овие времиња на економски предизвици за голем број компании значат и поголема иновативност и прилагодување на новите трендови. Инвестициите во човечки и машински ресурси несомнено придонесуваат за зголемување на продуктивноста и квалитетот, што на крај резултира со подобра конкурентност и подобар пласман на производите“, истакна премиерот Зоран Заев од велешката компанија „Брако“ на промоцијата на инвестициите во вредност од 8 ...

Read More »

Учеството во Пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин

„Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во Пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата. Повикот и бојкотот на Пописот е кривично дело, тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик, предвидува парична казна или затвор до 3 години ...

Read More »

Шахпаска: Унапредувањето на родовата еднаквост е наша обврска на која продолжуваме посветено да работиме

Министерката за труд  и социјална политика, Јагода Шахпаска  имаше свое обраќање на  65 сесија на Комисијата за статусот на жените на Обединети нации  која се одржува од 15 до 26 март 2021 година на тема „Целосно и ефективно учество на жените во донесување на одлуки во јавниот живот  и зајакнување на жените’’. Во своето обраќање, министерката Шахпасака посочи дека Република ...

Read More »

Маричиќ на средбата со Јурова: Поддршка за реформите во правосудството и зајакнување на владеењето на правото

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел се сретна со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова. На средбата се разговараше за реформите во Северна Македонија со фокус на оние во правосудството, владеењето на правото, но и за европските интеграции на земјата. Маричиќ на средбата кажа дека владеењето на правото е основа за развој на сите ...

Read More »