Мицкоски: Репер и цел ни е Европа, а според стандардот на живот од Африка не мрднавме

Мицкоски потенцира дека времето покажува дека на народот му е прекипено.  „ Репер и цел ни е Европа, а според стандардот на живот од Африка не мрднавме. Во едно Зимбабве повеќе се вакцинира против корона отколку во Македонија. Лесото и Гвинеа се помалку корумпирани од Македонија. “ рече тој во неговиот говор на денешниот настан организиран од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во чест на меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Мицкоски кажа дека владата се ниша и е на стаклени нозе. Владата и Заев ќе падне и мора да падне.

– За бадијала се и гумите за спасување што му ги фрлаат. Барем во изминативе месеци му ги видовме сите адути и оние скриени слуги во опозицијата. Остана верно ВМРО-ДПМНЕ на народот. Еден новинар ми вели сега сите се качија на еден ист брод, се собра дружината. Уценуваните и уценувачите. А Заев сакајќи да наштети на ВМРО-ДПМНЕ си стави уште еден тег на ногата. Епа Заев со здравје да си ги носиш. Си одговарате и по криминалот и по нечесноста. Ви кажувам сега доаѓа ураганот од народ кој ќе го потопи тој брод на кој сте собрани топтан, кажа Мицкоски.

Тој рече дека мораме да ја обезбедиме иднината. и дека мора да се излезе од тињата во која сите не ставија. За да ја направиме разликата, да го осветлиме патот заедно.

– Нели и во една песна стои “Власт е власт ама чест е чест”, Мора да се прочисти политиката, има работи што се прашање на чест, заедно да се бориме, за да заедно победиме. Никогаш, ама баш никогаш не ме интересирала власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина. Да го стопираме слободниот пад. Доаѓа ново време, доаѓа време на промени. Македонија е посилна од поразите, заклучи Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*