Средба Османи – Кундурос, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денес го прими новоименуваниот вонредeн и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Русос Кундурос, кој ги предаде копиите од акредитивните писма.

Министерот Османи му посака на амбасадорот Кундурос добредојде и успех во извршувањето на новата функција, изразувајќи уверување дека за време на неговиот мандат пријателските односи меѓу двете земји ќе го одржат позитивниот тренд на развој.

„Очекуваме Грција да продолжи со својата доследна принципиелна поддршка и да биде гласен лобист во Европската унија за нашата европска перспектива, која е значајна за двете држави, но и за целиот регион“, изјави Османи, додавајќи дека Северна Македонија очекува исчекор на планот на европските интеграции во текот на оваа година, за што силно и безрезервно ќе се залага на внатрешен план.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби во двете земји, како и за најновите содржини и постигнувања во регионалната соработка, како и за други актуелни меѓународните случувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*