Состојба на Патиштата, 08.01.2021

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Слаб снег паѓа на П.Шапка, додека на останатите места има врнежи од дожд.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*