Monthly Archives: November 2020

Советот за безбедност со предлог до Владата за кризна состојба на целата територија на државата

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ денеска се одржа десеттата седница на Советот за безбедност на којашто се разговараше за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид -19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции. По седницата, претседателот Пендаровски изјави дека е донесен заклучок, Советот за безбедност да и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија ...

Read More »

Премиерот Заев по состанокот на Советот за безбедност: Не постои поважна работа од здравствениот аспект на кризата и прогласување на кризна состојба ќе ги мобилизира сите капацитети

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност, во изјава за медиумите ги потврди заложбите и посветеноста на Владата, во справување со здравствената криза предизвикана од КОВИД-19, поради кои најави прогласување на кризна состојба. Како што истакна тој, со воведување на кризна состојба на целата територија на Северна Македонија, се добиваат ...

Read More »

Влада: Со јасно утврдени македонски национални позиции низ дијалог и соработка продолжуваме кон стратешките евроинтеграциски цели

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа денеска ја одржаа редовната прес-конференција по 21-вата владина седница. Одговарајќи на новинарски прашања за натамошните чекори и стратегијата во разговорите со Бугарија, по задршката на Софија да ја одобри преговарачката рамка, портпаролот Арсовски истакна дека Владата останува посветена на европскиот пат, а пречките ќе се надминуваат врз основа на европските вредности и ...

Read More »

Обраќање на ЗПВ Димитров на он-лајн панел на тема: „ Обновувањето по кризата предизвикана од КОВИД 19, како можност за посилна Европа од перспектива на земјите од Западен Балкан“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска учествуваше  онлајн на Европскиот самит во Прага на панелот насловен: „ Обновувањето по кризата предизвикана од КОВИД 19, како можност за посилна Европа од перспектива на земјите од Западен Балкан”. Тој нагласи дека справувањето со глобалната пандемија предизвикана од КОВИД 19 ја покажа солидарносноста на дело. „Европската Унија справувајќи ...

Read More »

Заев во интервју за ТВ 21: Мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати

Во интервју за ТВ 21 претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев истакна дека будно се следат состојбите со КОВИД-19, сите ресурси се посветени на ова прашање и граѓаните треба да знаат дека на 1 ноември R факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така доколку продолжат да се спроведуваат актуелните мерки за заштита. „Се размислува ...

Read More »

Заев: Македонскиот народ и македонскиот јазик се непобитен факт

„Бугарија е свесна за реалноста заради тоа што Република Северна Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик се непобитен факт и тие знаат дека ЕУ ова го третира како европска вредност, европска придобивка“, рече премиерот Заев во интервју за ТВ 21, и додаде дека е многу лесно да се направи кавга, но нам ни требаат решенија. „Европа не може да помине ...

Read More »

Од 21 седница на Владата: Ќе се набават дополнителни количини брзи антигени тестови за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 21 седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку ...

Read More »

Средба Маричиќ – Бомгартнер: Франција е подготвена да помогне во реформата на правосудството во Северна Македонија

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово се сретна со Сирил Бомгартнер, новиот амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката на двете земји во делот на правосудството, но и француската помош во однос на европските интеграции на земјава.   Министерот Маричиќ, во светло на случувањата околу очекуваниот почеток на преговорите за членство ...

Read More »

Состојба на Патиштата, 17.11.2020

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Read More »

Бектеши го претстави граѓанскиот буџет за 2021 година

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата го презентираше Предлог-буџетот на Министерството за економија за 2021 година. Министерот се осврна на проектите коишто е предвидено да ги реализира Министерството за економија следната година. Бектеши потенцираше дека главни приоритети на Министерството за економија се создавање на услови за развој на индустријата, развивање на претприемништвото, креирање и интеграција на ...

Read More »