Monthly Archives: September 2020

Заев: Прифаќањето на Кодексот е гаранција за граѓаните за заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нашите функции и должности во рамките на Уставот и законите на Република Северна Македонија

Владата на денешната 7-ма седница го назначи заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата. Воедно, на владината седница, членовите на Владата на РСМ, потпишаа Изјава за ...

Read More »

Средба на премиерот Заев со јапонската амбасадорка Ханеда: Државата продолжи по правиот пат со отворени перспективи, честитки за изборот на новата Влада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Кеико Ханеда, амбасадорка на Јапонија во нашата држава, која го завршува својот мандат во земјава. На состанокот се изразени честитки за повторното именување на премиерот Заев на премиерската позиција и за изборот на новата Влада со констатација дека изборот на напредок и продолжување на реформите од страна на ...

Read More »

Премиерот Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија, ја охрабруваме преку мостови на пријателство и позитивна призма да најдат решение

„Прашањето за Гоце Делчев е за решавање во рамки на Комисијата, а не е на политиката. Сакаме ова прашање да го реши Комисијата, како што најде добри решенија за Свети Кирил и  Методиј, Свети Наум, Климент Охридски и цар Самоил, да го реши и ова во духот на таа заедничка историја,  заради заедничко славење. Верувам дека ќе го најдат решението ...

Read More »

Османи во Брисел на средба со првиот дипломат на ЕУ, Жосеп Борељ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на првиот ден од работна посета на Брисел оствари средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ. За време на средбата Османи го поздрави активниот ангажман на високиот претставник на ЕУ Борељ за поддршка на европската перспектива на регионот, како и за покренатите иницијативи ...

Read More »

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка со директна помош за граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменик-претседателите и министрите од економските ресори, одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, усвоен на денешната седница на Владата. Во прилог на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост: Почитувани граѓани, почитувани претставници на ...

Read More »

Премиерот Заев по повод Денот на Бошњаците: Бошњаците се нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава и се исклучително драгоцен сегмент во концептот „Едно општество за сите”

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва во село Оризари, Велес, присуствуваше и се обрати на свечениот настан по повод одбележувањето на Денот на Бошњаците – 28 Септември. Во прилог на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост: „Ми претставува особена чест да бидам со вас и да присуствувам на овој настан, во ...

Read More »

Состојба на Патиштата, 28.09.2020

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено  пo претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски домаќин на словенечкиот претседател Борут Пахор

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со што започна неговата официјална дводневна посета на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржува и пленарен состанок на ...

Read More »

Премиерот Заев и словенечкиот амбасадор Предан: Пријателството продолжува преку поддршка при пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ и како партнери во НАТО, ја унапредуваме добрата економска соработка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска  го прими новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во нашата земја, неговата екселенција Милан Предан, при што беше изразено задоволство од одличните билатерални односи на двете земји. На средбата беше истакнато дека двете земји ги поврзува долгогодишно пријателство и соработка, а Северна Македонија во Словенија има искрен поддржувач во процесот на ...

Read More »

Состојба на Патиштата, 25.09.2020

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено  пo суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »