Состојба на Патиштата, Среда, 05.08.2020

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07. започнаа викенд забраните за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Повеќе детали за овие забрани ќе најдете ТУКА.

РАБОТИ НА ПАТ:

Заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 година, на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 3.5 тони. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање) од 09.07.2020 (четврток) на регионален пат Р-2344 на делница Голозинци – Лисиче – раскрсница Дреново со Горно Врановци во наредните 40 дена секој работен ден освен недела во период од 10 – 15 часот ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила.

На регионалниот пат Р-1107 Ново Лагово – Витолиште поради работи на пат (асфалтирање) сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, за што e поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој режим на сообраќај ќе биде до завршување на работите.

ГД ГРАНИТ АД СКОПЈЕ – Известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020год. до 02.2022 год. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).

Жикол ДООЕЛ – Струмица известува дека согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски од 19.06.2020 г. ќе започне со градежни активности за поврзување на коловозот со нов мост на р. Пчиња на државниот пат Р2136, делница Ржаничино-Долно Коњари. Согласно основниот проект за времен режим се предвидува намалување на брзината и наизменично пропуштање на возилата во зоната на градилиштето (во населено место Долно Коњари) за време на градежните активности. Се работи од 07:00 до 17:00 часот, а потоа за во ноќни услови предвидено е ослободување на коловозната површина. Времениот режим ќе трае не подолго од три месеци сметано од 19.06.2020 г.

Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*