Работна средба на министерот Нухиу со амбасадорот на Француската Република Тимоние

Денеска, 4 август 2020 година (вторник),  министерот за внатрешни работи  на  Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Француската  Република  Н.Е. Кристиан Тимоние.

На средбата беа потврдени  пријателските  односи,  довербата, реализацијата на заеднички проекти и соработката во голем број области од взаемен интерес.

Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид – 19“.

На средбата од  страна на двајцата соговорници беше истакнато дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битна алка во градење на довербата во  државните институции на патот кон  Европската унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*