Состојба на Патиштата, Четврток, 06.02.2020

Од 07:55ч на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива непречено во зимски услови.

На 06.02. 2020 г.од 08:15 ч. сообраќајот на регионалниот пат „Тетово-Попова шапка“, кој поради наноси од снег од с.Лисец-Попова шапка беше во прекин во двата правци, е целосно е нормализиран.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: На патниот правец Тетово – г.п.Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила.

Од 07:55ч на патниот правец Делчево – г.п. Делчево се воведува задолжителна употреба на зимска опрема ( синџири ) за тешките товарни возила.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Во западниот дел од државата провејува слаб снег.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11 2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година. На овој линк повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*