Состојба на Патиштата, Петок, 25.10.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

РАБОТИ НА ПАТ:

На магистрален пат А1, делница Демир Капија-Смоквица, заради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот ќе почнат да се поставувуваат од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци.

Доо ПРО – ГЕО известува дека согласно на одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, со број 11-уп-127/4 од 07.10.2019 год. на автопат А1,А2 и А4, делница Миладиновци – Петровец – Хиподром – Миладиновци, почнувајќи од ден 12.10.2019 год.(сабота) ќе се вршат геодетски мерења согласно добиеното одобрение. Геодетските мерења ќе се вршат секој ден од 07:00 до 18:00 часот почнувајчи од 12.10.2019 год. до 07.11.2019 год.

На ден 09.10.2019 (среда) на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с.Бродец – с.Танушевци од 08.00ч. – 17.00ч. ќе се започне со изведување градежни работи на пат (асфалтирање) и сообраќајот ќе биде со повремени прекини. Се молат учесниците во сообраќајот на трпеливост и крајна внимателност на оваа делница се до завршување на градежните активности.

На ден 08.10.2019 од 13:00 часот ќе се започне со изведување градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1306, Мало Коњари, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, во времетраење од 30 (триесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Вијадукт Трејд известува дека од 04.10.2019 ќе се започне со изведување градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај с.Здуње во времетраење од 60 (шеесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

На регионалниот пат Р-2249 (Мелнички мост – Центар Жупа) делница Брештани – Житинани од 02.10.2019 година поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот повремено (од 20 до 30 минути) ќе биде во прекин. Работите ќе се изведуваат од 09:00 до 17:00 часот во наредните 20 дена. На местото на кое ќе се изведуваат градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Фабрика Карпош – АД Скопје известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.

Од 13.09.2019 г. започнa со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница – Дебар – ГП Блато, во временски период од 30 календарски денови.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот 03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.

19.06.2019 започна со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт Трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип, при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што се врши промена на режимот на сообраќај.

Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7 Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560)

ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с.Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека сите учесниците во протестот сега се пред зградата на Владата, па оттука затворен за сообраќај е делот од булевар Илинден во двете насоки на движење од мостот Гоце Делчев до булевар Свети Климент Охридски, додека сообраќајот сега се одвива непречено и без застој во двете насоки на улиците 11 Октомври и Димитрије Чуповски на потегот од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата кај ТЦ Палома Бјанка, како и од к-цата со улица Даме Груев и Васил Главинов кон к-ца со ул. Филип Втори Македонски и ул. Даме Груев, затоа ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека пред малку пред Собранието на Република Македонија почна протест па поради тоа затворени за сообраќај се двете насоки на улиците 11 Октомври и Димитрије Чуповски на потегот од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата кај ТЦ Палома Бјанка, како и од к-цата со улица Даме Груев и Васил Главинов кон к-ца со ул. Филип Втори Македонски и ул. Даме Груев, затоа ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека пред малку пред Министерството за образование и наука почна протест па поради тоа затворен за сообраќај е дел од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од кружниот тек до к-ца со бул. Мајкa тереза и бул. Свети Климент Охридски, затоа ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег.

Гама Градба известува дека од 24.09.2019 (Вторник) ќе се започне со реконструкција на ул.Павел Шатев и ул.Црниче од раскрсница со ул.Јордан Мијалков до ул.Востаничка согласно одобрение за измена на режимот на сообраќај од Град Скопје – сектор за сообраќај во период од 30 дена.

ЦУКС известува дека поради градежни активности за формирање на крстосница помеѓу бул. Киро Глигоров и улица „1“, на дел од булеварот ќе биде воведен времен сообраќаен режим, па така сообраќајот во насока на движење од мост Тодор Александров кон крстосница со улица Перо Наков, на еден дел од бул. Киро Глигоров, ќе се одвива во една сообраќајна лента. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

Екипите на Град Скопје ја започнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Со реконструкцијата е предвидено стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри.

Центарот ги потсетува граѓаните дека, поради градежни активности за реконструкција на дилатации на мостот на реката Серава во Момин поток, на дел од булевар Никола Карев кон Качанички Пат е воведен времен режим на сообраќај. Поради реализација на овој проект измената на режимот на сообраќај важи на потегот од крстосницата помеѓу улицата Скупи и булеварот Никола Карев до крстосницата на овој булевар со булеварот Словенија, а градежните работи се изведуваат во две фази. До завршување на градежните активности, сообраќајот ќе се одвива наизменично по една сообраќајна лента и тоа во двете насоки, а ќе биде регулиран со светлосна вертикална сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*