Состојба на Патиштата, Вторник, 17.09.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ : Фабрика Карпош – АД Скопје известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 13.09.2019 г. започнa со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница – Дебар – ГП Блато, во временски период од 30 календарски денови.

Од 13.09.2019 г. започнa со изведување на градежни активности за подобрување на состојбата на осветлувањето (поставување на канделабри) со што ќе се врши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Струмица-Валандово, Клучка Куклиш, во временски период од 30 календарски денови.

Виадукт Трејд дека од 10.09.2019 г. започна со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што се врши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1303, делница: Барбарос – Македонски Брод – Кичево, во временски период од 30 календарски денови.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот 03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.

Виадукт Трејд на ден 19.08.2019 започна со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се врши промена на режимот на сообраќај.

19.06.2019 започна со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт Трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип, при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што се врши промена на режимот на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7 Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560)

ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија – Гевгелија)
-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино – Гевгелија)

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с.Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности, на потег од бензинска пумпа МакПетрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с.Вруток, Општина Гостивар.

Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска (12.09.2019 година, четврток), па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица Христо Татарчев, на потегот од Енергосистем до новиот кружен тек. Целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица (околу објектот на Енергосистем).

ЦУКС известува дека поради градежни активности за формирање на крстосница помеѓу бул. Киро Глигоров и улица „1“, на дел од булеварот ќе биде воведен времен сообраќаен режим, па така сообраќајот во насока на движење од мост Тодор Александров кон крстосница со улица Перо Наков, на еден дел од бул. Киро Глигоров, ќе се одвива во една сообраќајна лента. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

Екипите на Град Скопје ја започнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Со реконструкцијата е предвидено стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри.

Центарот ги потсетува граѓаните дека, поради градежни активности за реконструкција на дилатации на мостот на реката Серава во Момин поток, на дел од булевар Никола Карев кон Качанички Пат е воведен времен режим на сообраќај. Поради реализација на овој проект измената на режимот на сообраќај важи на потегот од крстосницата помеѓу улицата Скупи и булеварот Никола Карев до крстосницата на овој булевар со булеварот Словенија, а градежните работи се изведуваат во две фази. До завршување на градежните активности, сообраќајот ќе се одвива наизменично по една сообраќајна лента и тоа во двете насоки, а ќе биде регулиран со светлосна вертикална сигнализација.

Во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та Македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*