Monthly Archives: July 2019

Министрите Спасовски и Димковски во посета на погодени населени места од невремето во Преспа, активирани се сите владини и локални служби за да се санира состојбата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, денеска ги посетија населените места во Преспанскиот регион  што беа погодени од невремето. Министрите посочија дека владините и локалните служби од вчера вечерта работат на расчистување на теренот.   Министерот Спасовски изјави дека веднаш се преземени мерки ...

Read More »

Премиерот Заев на средбата со амбасадорот на Руската Федерација Бездникин: Измамата на руските граѓани нема никакво влијание на односите меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Александрович Бeздникин.   Средбата е остварена непосредно по свеченоста по повод пуштањето на новиот објект на компанијата Лукоил, што ги потврдува развојните планови на оваа руска компанија и укажува на можностите за унапредување на натамошната економска соработка меѓу двете земји. ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Петок, 12.07.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 12.20 часот сообраќајот на патот Кочани – Делчево е во целосен прекин во двата правци. Истиот се пренасочува преку Виница. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ ...

Read More »

Министрите Филипче и Царовска на одбележување на Светскиот ден на население: Родовата еднаквост, како една од развојните цели на ОН

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска учествуваа на одбележувањето на Светскиот ден на населението, преку дискусија на тема „Обмислени лидерски разговори за Меѓународна конференција за население и развој (ICPD) – Што се променило во последните 25 години?“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.   ...

Read More »

Интегрален текст од обраќањето на МНР Никола Димитров на првиот ден од Меѓународната конференција за слобода на медиумите во Лондон

Ви благодарам за поканата и за организирањето на оваа глобална конференција како и за оваа панел дискусија за нашиот регион. Ќе се обидам да се задржам во рамки на четири минути покривајќи четири аспекти од ова прашање.   Сметам дека ова е веројатно најважниот проблем со кој се соочува регионот. Сите знаеме дека без информирани граѓани не постои демократија. А ...

Read More »

Премиерот Заев на свеченост по повод комплетирање на изградбата на основното училиште „Вера Јоциќ“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на свеченоста по повод комплетирање на изградбата на основното училиште „Вера Јоциќ“, во општина Гази Баба.   На свеченоста со која се означи почетокот на градежните работи за изградба на нова спортска сала на училиштето, говореа и министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Општина ...

Read More »

Османи и Маричиќ реферираа за усвојувањето на целата правна рамка за формирање на преговарачката структура

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи како главен политички преговарач и шеф на државната делегација за преговори заедно со посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлански интеграции Бојан Маричиќ како главен технички преговарач, одржаа отворен брифинг во медија центарот на Владата, каде реферираа пред медиумите за одлуките на Владата со кои се заокружи целокупната правна ...

Read More »

Средба на премиерот Заев со холандскиот амбасадор Пломп: Република Северна Македонија напредува

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Вилем Ваутер Пломп, амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, кој го завршува својот мандат во земјава.   На средбата е констатирано дека нашата држава бележи сериозен напредок во последните две години, при што е нагласена улогата на премиерот Заев во позитивните процеси. Меѓу постигнувањата се посочени ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Четврток, 11.07.2019

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА. ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Од 01.07.2019 година, започнаа викенд забраните за тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Подетално за овие забрани, прочитајте ТУКА. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот ...

Read More »

Од 143-тата седница на Владата на РСМ: Усвоена одлука за телата за преговори со ЕУ и за подготовка на Националната програма

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна, 143-та седница донесе одлука за формирање на работни групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија. На оваа седница е донесена и одлука за формирање на Секретаријат на структурата за преговори, како и канцеларија ...

Read More »