Monthly Archives: June 2019

Состојба на Патиштата, Петок, 07.06.2019

Од 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци. Апел до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт Трејд известува дека на ден 07.06.2019 ќе ...

Read More »

Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски.   Претседателот Пендаровски и амбасадорот Тицињски изразија задоволство од развојот на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Полска, што се карактеризира со искрено пријателство, меѓусебна почит и доверба.   Претседателот истакна дека Северна Македонија високо ја цени јасната поддршка и помош од Полска ...

Read More »

Министерот за локална самоуправа Фазлиу на Форум на градови и на региони во Полска: Градовите и регионите дел од агендата на Берлинскиот процес

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу учествува на Форумот на градови и на региони “Инвестирање во Западен Балкан –Инвестирање во Европа, што  се одржува во Жешов, Полска. Форумот има за цел да им помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на интегрирање во Европската Унија и во економската трансформација. Министерот Фазлиу во своето обраќање изрази благодарност за подршката на ...

Read More »

Претседателот Пендаровски прими делегација на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ, предводена од претседателот Таки Фити.   На средбата беа разменети мислења за состојбите во Република Северна Македонија, при што беше констатирано дека МАНУ има клучна улога во развојот на нашето општество, преку науката и научната мисла, негувањето и ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Четврток, 06.06.2019

Од вчера – 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци. Апел до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива ...

Read More »

Премиерот Заев на прес со Претседателот на ЕК Јункер и еврокомесарот Хан: Европската комисија ја смести Северна Македонија и нејзиниот успех, на листата на најголемите достигнувања на Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ја започна дводневната работна посета на Брисел.   Премиерот Заев денеска оствари средба со Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер после што одржаа и заедничка прес-конференција на која учествуваше и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.   Премиерот Заев констатираше дека минатата недела Северна Македонија го доби најпозитивниот ...

Read More »

Обраќање на претседателот Пендаровски на регионалната конференција на Подгоричкиот клуб на тема „Проширувањето на Европската Унија на крстопат“

Како Претседател на Република Северна Македонија ми претставува задоволство да учествувам на оваа регионална конференција на Подгоричкиот клуб, и тоа поради две причини.   Регионалната соработка е клучна за развојот на нашите држави. Неопходно ни е поврзување на сите нивоа, од политичко, економско, се до инфраструктурно. Во нашиот регион постојат многу регионални иницијативи во кои учествуваат актуелни претседатели, премиери и ...

Read More »

Од 138 седница на Владата на РСМ: Утврден План за реализација на краткорочните приоритети од Извештајот на ЕК

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 138 седница ја разгледа Информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2019 година, и ги усвои заклучоците што ги предложи Секретаријатот за европски прашања.   Согласно заклучоците, Владата на РСМ го задолжи Секретаријатот за европски прашања да подготви План за реализација на краткорочните ...

Read More »

Обраќање на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на средбата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со Северноатлантскиот Совет

Дозволете најнапред да го изразам моето огромно задоволство од фактот што Северноатлантскиот Совет доаѓа во историска посета и многу значаен период за Северна Македонија.   Верувам дека имате исполнет работен ден, па затоа ќе се обидам да бидам концизен и да се фокусирам на клучните пораки што сметам дека е неопходно да ги истакнам.   Изминатиот период, како држава поминавме ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Среда, 05.06.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ИЗВЕСТУВАЊЕ: ВИАДУКТ ТРЕЈД известува дека на ден 05.06.2019 и 06.06.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни ...

Read More »