Бугарскиот Премиер Борисов го спореди Гоце Делчев со Че Гевара

Во интервју за една Бугарска телевизија, Бугарскиот Премиер Бојко Борисов, осврнувајќи се на скорешните несогласувања помеѓу Бугарија и Северна Македонија околу тоа дали раволуционерот Гоце Делчев е Македонец или Бугарин, го спореди Делчев со револуционерот Че Гевара од Латинска Америка.

„Нашиот херој Гоце Делчев стана повод за коментари во сите насоки. Тој е бугарски херој кој вложил сѐ за слободата на Македонија. На истиот начин Че Гевара, Аргентинец, се борел за Куба, а загинал во трета држава. Наместо да нѐ обединуваат, овие херои стануваат јаболко на раздорот”, рече Борисов.

Во меѓувреме, Македонскиот МИнистер за Надворешни Работи НИкола Димитров, кој треба да ја посети официјална Софија в Четврток, изјави дека се надева дека двете страни ќе постигнат компромис околу ова прашање.

„Убеден сум дека македонскиот успех во смисла на европската интеграција е многу важен и за соседна и пријателска Бугарија и ќе најдеме начин тие не само да не бидат пречка, туку да бидат и промотор како што впрочем беа и минатата година во Советот за општи работи и неодамна на последниот што се одржа во Луксембург,“ рече Димитров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*