Заев: Влегов во Министерството за Финансии за конечните реализации на програмските определби

Во интервју за ТВ Сител, Премиерот Зоран Заев открива зошто се одлучил, како дел од реконструкцијата на владиниот кабинет, тој да го преземе Министерството за Финансии покрај неговата премиерска функција.

„Се работи за министер и министерство  кое ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случаија во државата или дефинитивно претставува од тие што направија најмногу реформи. Така што благодарение на тоа Министерство се зголемија минималната плата, се укина радиодифузната такса и се обезбедија финансиски средства, преку самото Министерство се димензионираа политики кои овозможија подигање на социјалната политика. Влегувам во последната фаза јас лично како политичар кој добил мандат од граѓаните дефиниран преку парламентот да ја составам Владата во конечните реализации на програмските определби. Како што се зголемија социјалните помошти, верувам дека следуваат доста храбри чекори, доста решителни кои чест и одговорност ми е да ги носам јас и во таквите храбри и решителни чекори да постигнеме сериозни ефекти во зголемувањето  на просечната плата,“ рече Заев.

Премиерот исто така се осврна и на скорешната оставка на Заменик-Министерот за Образование Петар Атанасов, велејќи дека тој самиот му најавил дека ќе си даде оставка доколку не биде назначен како Минситер за Образование.

„Жалам што господинот Петар Атанасов вака тоа го објави со таква употреба на зборови и штом тоа така го направи, редно е да кажам дека тоа го направи затоа што не стана министер за образование. Од мене бараше да стане министер за образование, јас одлучив дека не треба да стане министер. Јас во саботата ја донесов конечната одлука и му ја соопштив. Тој неколкукратно доаѓаше кај мене и бараше да стане министер за образование. Велеше ако не ми дадете да бидам министер ќе си дадам оставка. Океј, секој не може да биде министер, некојпат и околностите се такви некој да не може да биде министер,“ изјави Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*