Состојба на патиштата 20.06.2019

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви
коловози.
ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Поради одрони, сообраќајот на
регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна
лента. Се преземаат мерки за рaсчистување на коловозот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт трејд ДООЕЛ дека денес – 19.06.2019 ќе се започне
со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни
јамки на автопат А2, патен правец Маврово-Кичево, за што ќе се изврши
промена на режимот на сообраќај.

Од 19.06.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности за
поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на
магистрален пат А2, делница: Кичево – Охрид, за што ќе се изврши
промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од
градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска
страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење,
почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно
управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните
долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно
се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга,
Виница – Берово и Кочани – Делчево.
РАБОТИ НА ПАТ:
ДПТУ ЕСКАВАТОРИ-МК известува дека на Регионалниот пат Р2133,
делницаКуманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради
што ќе се изврши затворање на сообраќајот од 18.06.2019 год. (вторник)
до 21.06.2019 год. (петок) во времетраење од 09 до 18 часот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека денес – 18.06.2019
година ќе се започне со изведување на градежни активности при
поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Гостивар –
Маврово, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Виадукт трејд известува дека од 13.06.2019 се изведуваат градежни
активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален пат
Р1304, патен правец Виница – Смојмиорово, за што има промена на
режимот на сообраќај.
Од 10.06.2019 се изведуваат градежни активности при поставување на
индуктивни јамки на патот А4, правец Крупиште – Пробиштип (крстосница
Пробиштип) за што има промена на режимот на сообраќај.

Виадукт трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи
на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на
електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6
(шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на
градежни работи за рушење на стара наплатна станица Градско во
период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница
Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на
времен режим на сообраќај.
Од 20.05.2019 година на патниот правец Р2234 Јегуновце – Радуша ќе се
изведува надградба на коловозот со нов асфалт во време траење од 30
дена.
Виадукт трејд известува дека од ден 15.05.2019 се започнa со изведување
на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на
Регионален Пат Р1402, делница Ново Село – граница Бугарија, за што ќе се
изврши промена на режимот на сообраќај.
Виадукт трејд известува дека од ден 10.05.2019 се започна со изведување
на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на
Регионален Пат Р1401,Струмица – Раброво за што ќе се изврши промена
на режимот на сообраќај.
Од 09.05.2019 (четврток) на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај
с.Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина
од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна
сигнализација.
Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7
Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од
клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560).
Виадукт трејд известува дека од ден 07.05.2019 се започнa со изведување
на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат А1, делница Демир Капија – Удово (близу тунелите) за што
има променет режим на сообраќај.
Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на
градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на
наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно
Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;
-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019
(делница Демир Капија-Гевгелија)
-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019
(делница Неготино-Гевгелија)
Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на
градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на
регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим
на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна
сигнализација.
Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат
Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година
има одобрен времен режим на сообраќај.
Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино –
Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река
Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с.
Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото
место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој
сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.
Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради
изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец
Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе
биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на
градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна
сообраќајна сигнализација.

„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за
времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на
потег од бензиска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат
за с. Вруток, Општина Гостивар.
Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со
изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен
правец Охрид – Свети Наум, во делотбулевар Туристичка во должина од
3,5 км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип –
Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000
до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.
ЈП Македониапат известува за реконструци надградби и сананации
следниве патни правци Р1206 Синичане – Пирок – Врапчиште, и на
патниот правец А2 крак врска со Неготино.
Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово –
Попова Шапка кој ќе трае до крајот на 2019 год.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*