Премиерот Заев и лидерот на ДУИ Ахмети остварија средба за започнување процес за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт.

 

На средбата е договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

 

Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*