Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЗАБРАНА ЗА ТМВ: На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 20.05.2019 година на патниот правец Р2234 Јегуновце-Радуша ќе се изведува надградба на коловозот со нов асфалт во време траење од 30дена.
Виадукт трејд известува дека на ден 15.05.2019 – дeнес ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1402, делница Ново Село – граница Бугарија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Виадукт трејд известува дека од 10.05.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1401, Струмица-Раброво за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:
ЦУКС известува дека од 19.04. во наредните 4 (четири) месеци ДГТ ЖИКОЛ дооел Струмица и ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, ќе отпочнат со изведба на градежни активности за реконстукција на водоводна мрежа по ул. Елисие Поповски од ул. Мајка Тереза до ул. Киро Гаврилски, каде што до завршување на проектот, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, па оттука сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.
ЦУКС известува дека деновиве ќе отпочнат градежни активности за изградба на атмосферска канализација долж улица Кузман Шапкарев од крстосница со улица Ѓорче Петров до крстосница со улица Црногорска , како и долж улица Црногорска од крстосницата со улица Кузман Шапкарев до крстосницата со улица Панајот Гиновски. Градежните активности долж улицата Кузман Шапкарев и на дел од улица Црногорска во Општина Ѓорче Петров, ќе се изведуваат во наредните 4 (четири) месеци, а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.
ЦУКС известува дека деновиве ќе отпочнат градежни активности на дел од ул. “Алжирска” во Општина Карпош, па на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим. Градежните активности ќе траат 90 дена, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
РАБОТИ НА ПАТ:
Виадукт трејд известува дека од ден 07.05.2019 се започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат А1, делница Демир Капија – Удово (близу тунелите) за што има променет режим на сообраќај.
ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.
Од Гранит известуваат дека поради рехабилитација на делница Јурумлери-Драчево и делницата Драчево-Орешани-Таор, од 15.04.2019 година се воспотавува времен режим на сообраќај на регионалните патишта Р1106 и Р2131. Времената измена на режимот на сообраќај на наведенате делници предвидува, работа под сообраќај како и повремено запирање на сообраќајот за време на изведување на асфалтерски работи.
Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:
-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија – Гевгелија)
-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино – Гевгелија)
Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.
Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с.Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.
Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа МакПетрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с.Вруток, Општина Гостивар.
Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.
Од 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје – Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред НС Петровец и истиот е поместен по НС Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред НС Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по НС Петровец. Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно кон јазолот и да ја почитуваат новопоставената сигнализација.
ЈП Македониапат известува за реконструци надградби и сананации следниве патни правци Р1206 Синичане-Пирок-Врапчиште, и на патниот правец А2 крак врска со Неготино.
Штрабах врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово-Попова Шапка кој ќе трае до крајот на 2019 год.