Monthly Archives: March 2019

Премиерот Заев на средба со в.д. градоначалникот на општина Охрид, Георгиевски и граѓанското здружение „Совест“: Низ дијалог со сите засегнати страни ќе наоѓаме решенија за религиозниот објект во Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски и в.д. директорката на НУ Завод и музеј, Охрид Елеонора Новаковска со претставници и претседателот на граѓанското здружението „Совест“, Михаил Трендафилов.   На средбата се разговараше за наследените проблеми за спорната градба без соодветна документација на дел од религиозен објект ...

Read More »

Директорот на АХВ, Зоран Атанасов: Рокот за вградување на микрочипови кај домашните миленици се продолжува до крајот на годинава

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов денеска на прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31 декември годинава. За таа цел, како што рече директорот на АХВ, Атанасов набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни ...

Read More »

Премиерот Заев од НАТО: Членството во Алијансата значи сигурна иднина, Република Северна Македонија е целосно подготвена да ги прифати обврските и одговорностите кои ќе ги донесе полноправното членство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во седиштето на НАТО, во Брисел се сретна со Генералниот Секретар Јенс Столтенберг. По средбата Премиерот Заев и секретарот Столтенберг одржаа заедничка прес-конференција.   Истакнувајќи дека ова е негова прва посета на НАТО по потпишувањето на Протоколот за пристапување Република Северна Македонија во Алијансата, Премиерот Заев потенцираше дека земјата постигна ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Четврток, 21.03.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица ќе се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот ќе се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место ќе ...

Read More »

Премиерот Зоран Заев оствари средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан: Очекуваме и веруваме дека од јуни Република Северна Македонија ќе почне да испишува европска иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во рамки на еднодневната посета на Брисел се сретна и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан.   Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација се одржа во исклучително значаен период за Република Северна Македонија, на средбата премиерот Заев потенцираше дека единствената алтернатива за ...

Read More »

Од 126-та седница на Владата на РСМ: Се проширува опфатот на компании за државна поддршка и се поедноставуваат административните процедури; Усвоена информација за потреба од Стратегија за транспарентност; Прифатен текстот на Договорот за намалување на цените на роаминг на Западен Балкан

Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница го усвои Предлог законот за дополнување и изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кој се унапредува системот на државна поддршка на инвестициите, се зголемува опфатот на компании кои може да аплицираат и се поедноставуваат административните процедури за апликација. Тоа значи дека за државна поддршка ќе може да аплицираат ...

Read More »

Петнаесетти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, Брисел, 19 март 2019 година

Петнаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија се одржа на 19 март 2019 година. Советот за стабилизација и асоцијација потсети дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) останува во сржта на односите меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сѐ додека земјата не влезе во ЕУ. Советот за стабилизација и асоцијација ја зеде ...

Read More »

Средба на премиерот Заев со потпретседателката на ЕК, Могерини: Работиме напорно за да испорачаме резултати и да докажеме дека во јуни Северна Македонија заслужува старт на преговорите со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев својата работна посета на Брисел денеска ја започна со средба со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. На средбата присуствуваа и заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заменичка на претседателот на ...

Read More »

Работна посета на Државниот секретар Виктор Димовски на Република Србија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски на 18 и на 19 март 2019 година престојуваше во работна посета на Република Србија.   За време на посетата Државниот секретар Димовски се сретна и разговараше со Високиот претставник на Република Србија во Постојаниот заеднички комитет на високите претставници на државите наследнички на поранешна СФРЈ, Александар ...

Read More »

Премиерот Заев го прими амбасадорот на Руската Федерација Баздникин кој му предаде копија од нотата со која оваа земја го прифати името Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера вечер го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Баздникин.   Амбасадорот Баздникин на премиерот Заев му врачи копија од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на Претседателот на Руската Федерација, оваа земја го признава новото име на нашата ...

Read More »